Skip to main content

Со либерализацијата на пазарот на електрична енергија, чија втора фаза неодамна започна, ќе се овозможи до 25% пониска цена за компаниите. Иако дел од компаниите тврдеа дека слободниот избор на доставувач ќе значи поголем трошок и повисока цена, лиценцираните снабдувачи се оптимисти.

Очекуваат успешно продолжување на процесот на либерализација, кој особено ќе е значаен за индустријата. Претседателот на Македонската енергетска асоцијација, Кочо Анѓушев вели дека со намалените цени ќе се заштедат 14 милиони евра, кои ќе може да се искористат за нови инвестиции во енергетскиот сектор. 

Освен бенефит за големите потрошувачи, снабдувачите на електрична енергија, очекуваат и за фирмите со под 10 милиони евра годишен промет и со помалку од 50 вработени. Граѓаните ќе можат да бираат кој ќе ги снабдува со струја од 2015 година.

One Comment

Leave a Reply