ЧПП

Имате прашања? Ние имаме одговори! Прочитајте ги одговорите на најчесто поставаните прашања!

Во овој дел од нашата веб страница даваме одговор на прашањата кои нашите агенти најчесто ги добиваат од клиентите. Се надеваме дека сме го опфатиле она што ве интересира. Сепак доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте не.

Зошто да го одберам Blesm Energy Power ?

Затоа што Blesm Energy Power нуди најповолни услови за снабдување со струја. Во понудата на Blesm Energy Power се содржани сите трошоци за набавка на струјата, нејзиниот транспорт до Македонија, сите царини и давачки и најважно од сѐ целокупната дневна оператива кон пазарот и балансирањето на вашата потрошувачка.

Што е тоа Балансна Група?

Балансна Група е група на потрошувачи кои заеднички ја планираат својата потрошувачка на струја со цел нивното вкупно отстапување помеѓу планираната и остварената потрошувачка да биде што помало.

Како функционира слободниот пазар на електрична енергија?

Струјата што ја трошат компаниите кои се излезени на слободниот пазар се купува преку меѓународните берзи на струја. Откако снабдувачот ќе ја купи и транспортира струјата до Македонија, струјата мора да помине низ електропреносната и електродистрибутивната мрежа за да биде доставена до мерните места на компаниите. За тоа пренесување и дистрибуирање на струјата компаниите, покрај трошокот за набавка на струјата кон својот снабдувач, плаќаат и т.н. дистирбутивна такса (мрежарина) кон операторот на дистрибутивниот систем. Овој трошок ги содржи и таксата за преносната мрежа и таксата за дистрибутивната мрежа.

Истата електрична енергија која се купува и транспортира мора однапред да се испланира по количина и по временски распоред. Доколку реалната потрошувачка отстапува од планираната тогаш разликата мора да биде избалансирана од страна на преносниот оператор. Отстапувањата не можат да се избегнат, но можат да се намалат со прецизно планирање и со окрупнување на балансната група.

Што треба да направиме за да смениме снабдувач? Како да се префрлиме кај Blesm Energy Power?

За да одберете нов снабдувач со електрична енергија треба да побарате понуда за снабдување, да ги разгледате условите кои ви се понудени и да донесете одлука од кој снабдувач сакате да бидете снабдувани со струја.

Доколку склучиме договор со Вашата компанија Вие нема да морате да воведувате никакви измени во начинот на вашето работење, не ви требаат нови кадрови решенија за планирање на вашата потрошувачка бидејќи ние ќе го правиме тоа за Вас, нема да морате да купувате скапи системи за следење на Вашата потрошувачка на струја бидејќи Blesm Energy Power ќе ве балансира без дополнителни трошоци!

Што се случува со приклучокот и броилото ако сменам снабдувач?

Доколку се одлучите да склучите договор со нов снабдувач, приклучокот, каблите, водовите и борилото ќе ви останат исти. Операторот на дистирбутивниот систем ќе ја отчитува вашата месечна потрошувачка на струја од истите броила на ист начин и во исто време секој месец во иднина.

Blesm Energy Power ќе ве регистрира како член на својата балансна група и ќе го пререгистрира броилото преку кое трошите струја во својата балансна група, сето тоа без никаков надомест.

Како да ги одредиме идните трошоци за електрична енергија?

Почнувајќи од 1 јануари 2015 година, компаниите кои досега немале можност да учествуваат на слободниот пазар ќе можат да одберат една од двете можни опции:

  1. Да склучат договор со снабдувач на слободниот пазар и да заштедат од трошокот за струја, или
  2. Да останат снабдувани од “Снабдувач во краен случај” и да плаќаат поскапа струја од сегашната.

Ако останате снабдувани од Снабдувач во краен случај не треба да потпишувате никакви нови договори – според Законот за енергетика по автоматизам ќе бидете третирани како снабдувани во краен случај. Но, доколку сакате да ги намалите вашите трошоци за електрична енергија, тогаш треба да склучите договор со снабдувач на слободниот пазар.

Вкупниот трошок во иднина по основ потрошена електрична енергија на слободниот пазар ќе биде сума од трошокот за струјата и трошокот за мрежарина. Трошокот за струјата ќе зависи од понудените цени од вашиот снабдувач, додека висината на мрежарината зависи од тоа на кој начин и на кое напонско ниво сте приклучени кон дистрибутивната мрежа.