• Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •  +389 2 3125001

Зошто МИСТ?

 

Зошто да не одберете нас покрај конкуренцијата? Што не прави различни од другите компании на пазарот?

 

About us

Во време кога бројот на компании кои продаваат електрична енергија постојано се зголемува, што е тоа што не издвојува од конкуренцијата? Што е тоа што не прави различни од другите?

Основачите на нашата компанија не се луѓе со претходно искуство во електроенергетиката. Затоа и на самиот почеток не започнавме со идеи за тоа како работите "вообичаено" се прават. Тгнавме само со визија за тоа како работите треба да се прават - како потрошувачи.

 

Ние штедиме! Вие штедите! Едноставно!

Како приватна компанија за тргување и снабдување со електрична енергија, ние внимателно ги следиме цените на електричната енергија и ја купуваме во точно време. И бидејќи услугата што ја нудиме ни е поважна од големиот профит, секоја заштеда која ние ја имаме ви се враќа вам. На тој начин ги одржуваме вашите сметки на најниско ниво, а вашето задоволство на највисоко!

Без разлика на тоа колкав клиент сте и колку трошите, вие сте секогаш на прво место за нас. Без разлика колкава е количината на електрична енергија за која плаќате, нашиот тим за корисничка поддршка е тука за вас. За вработените од овој сектор не постои прашање, проблем или барање кое што е преголемо или премало.

Тоа е тоа што не прави поразлични и пофер од другите!