• Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •  +389 2 3125001

За нас

 

Кои сме ние и која е нашата основна дејност? Прочитајте нешто повеќе за нашата компанија!

About us

Мист Енерџи Дооел е меѓу првите Mакедонски компании во енергетиката кои настапуваат на пазарот за електрична енергија со самото започнување на либерализацијата. Главните дејности на нашата компанија се трговија и снабдување со електрична енергија. 

Согласно законските регулативи за енергетика, пазар и снабдување, од 1 Јануари 2015 година и Вие ќе имате можност да бидете снабдувани со електрична енергија на слободниот пазар при тоа склучувајќи договор со лиценциран снабдувач кој самите можете да го одберете.

За таа цел Мист Енерџи Ви нуди полесно разбирање на регулативата за пазар на електрична енергија, регулативата за снабдување и начинот на формирање на цените.

До стапување на либерализацијата во сила Вие и Вашата компанија сте имале контакт само со ЕВН Дистрибуција, компанија на која досега ги плаќавте фактурите по регулирани цени дефинирани од страна на Регулаторната Комисија за Енергетика и за кои не сте можеле воопшто да преговарате ниту да влијаете на цената. По започнување на Либерализацијата на пазарот на електрична енергија Вие добивате можност да одберете од кого ќе бидете снабдувани со електрична енергија. Цените за снабдување се договорни помеѓу Вас и Вашиот снабдувач додека пак цените за мрежните услуги и трошоци остануваат регулирани од страна на Регулаторната Комисија за Енергетика.

Дистрибутивните такси како и активната моќност може да ги наплаќа само Операторот на дистрибутивниот систем и наплатата е регулирана со закон, па поради тоа ниеден снабдувач не може и не смее да Ви ги нуди тие услуги.

Вашите трошоци за снабдување со електрична енергија, како учесник на пазарот на електрична енергија ќе бидат составени од три компоненти:

  • Цена на електрична енергија

    – Кон снабдувачот
  • Цена на мрежарина

    – Кон Операторот на дистрибутивниот систем
  • Цена на

    регулирана пазарна такса

Контактирајте не уште денес со цел да Ви понудиме најповолни услови за снабдување со електрична енергија. Станете дел од листата на наши задоволни клиенти и проверете што е тоа што ја издвојува нашата компанија од конкуренцијата.