Нов веб сајт на МИСТ ЕНЕРЏИ

Од месец септември 2014 година беше пуштен во употреба новиот веб сајт на МИСТ ЕНЕРЏИ. Со овој чекор сакаме на корисниците да им овозможиме навремени и точни информации поврзани со продажбата на електрична енергија, како и новости за работата на нашата компанија.
Покрај основните информации за МИСТ ЕНЕРЏИ, посетителите на веб сајтот ќе имаат можност и да побараат понуда за својата компанија со пополнување на посебно изработен формулар. За добивање на дополнителни информации можете да не контактирате преку формата за контакт.