• Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •  +389 2 3125001

И домаќинствата ќе бираат

Garetra faucibus eu

Повеќе од 600 илјади домаќинства и над 60 илјади мали компании до 15 ноември треба да кажат од каде ќе купуваат струја. Со третата фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија, што ќе почне од 1 јануари 2015 година, ќе бидат опфатени сите граѓани. 

Еве што предвидува правилникот на регулаторната комисија за енергетика.

Секој ќе треба да склучи договор за снабдување на струја со една од десетте компании кои добија лиценца за работа од Регулаторната комисија за енергетика. 

Оние домаќинства што нема да склучат договор, нема да бидат исклучени од системот, туку ќе продолжат да се снабдуваат со струја од т.н. краен снабдувач, односно од ЕВН, кој ја има и лиценцата за таа дејност. 

Но, и тие се должни да потпишат договор за снабдување исто така најдоцна до 15 ноември.

Цената за домаќинствата засега ќе остане истата барем до средината на 2015 година. Цената на струјата што ќе ја продава ЕВН, како снабдувач во краен случај, ќе биде регулирана од Регулаторната комисија за енергетика. 

Цената на струјата, пак, што ќе ја продаваат останатите компании ќе зависи од случувањата на странските берзи. 

Втората фаза од либерализацијата,која стартуваше на 1 април годинава, ги опфати големите компании..Тие добија поевтини сметки за струја за околу 20 - 30%.