• Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •  +389 2 3125001

ЧПП

 

Имате прашања? Ние имаме одговори! Прочитајте ги одговорите на најчесто поставаните прашања!

Во овој дел од нашата веб страница даваме одговор на прашањата кои нашите агенти најчесто ги добиваат од клиентите. Се надеваме дека сме го опфатиле она што ве интересира. Сепак доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте не.

  • Што претставува либерализацијата на пазарот на електрична енергија?

     Либерализацијата на пазарот на електрична енергија им овозможува на потрошувачите сами да одберат од кој снабдувач ќе бидат снабдувани со електрична енергија и по која цена. Снабдувачите, лиценцирани од страна на Регулаторната комисија за енергетика на РМ имаат за право да понудат различни пакети на електрична енергија за секој потрошувач во зависност од неговите потреби. Пазарот на електрична енергија овозможува договорни цени за електрична енергија помеѓу потрошувачот и снабдувачот зависно од потребите, додека пак регулираниот пазар нуди фиксни цени дефинирани од страна на Регулаторната комисија за енергетика на РМ. 
  • Кои се придобивките од вклучување на слободниот пазар на електрична енергија?

    Сумирано, ова се придобивките што ги добивате:

      • Придобивките од вклучувањето на слободниот пазар пред се е тоа што трошоците за електрична енергија значајно се намалуваат.  Цената по која што ќе ја набавувате енергијата е договорна и прилагодлива за разлика од цената за електрична енергија на регулираниот пазар. 
      • Доколку не склучите договор со лиценциран снабдувач автоматски ќе добиете статус на Потрошувач снабдуван во краен случај, каде што цените за електрична енергија се одредени од страна на Регулаторната комисија за енергетика и не се менливи. 
  • Што е потребно за вклучување на слободниот пазар на електрична енергија?

      • За да се вклучите на слободниот пазар на електрична енергија, потребно е до 15.11.2014 да склучите договор со лиценциран снабдувач и од 01.01.2015 ќе бидете снабдувани од истиот по цени за активна електрична енергија кои ќе ги договорите со снабдувачот.
      • За да одберете снабдувач потребно е да побарате понуда за снабдување и да одлучите.
      • Доколку сакате да добиете понуда која во целост ќе ги исполнува вашите барања, ќе биде јасна и нема да содржи никакви скриени трошоци, потребно е најдоцна до 15 Ноември 2014 да побарате понуда и  да потпишете договор со Мист Енерџи.
  • Дали се потребни промени во опремата и броилата доколку се одбере нов снабдувач?

     При избор на нов снабдувач нема никаква потреба од промена на опремата и броилата. Опремата, броилата, приклучоците, каблите и слично остануваат исти. Вие како потрошувач ќе ја добивате струјата низ дистибутивната мрежа исто како и досега. 
  • Што ако не одберам да се вклучам на слободниот пазар?

    Доколку не одберете снабдувач до 15 Ноември 2014, автоматски се префрлувате во групата на потрошувачи снабдувани во краен случај. Цените за снабдување во краен случај се одредени и регулирани од страна на Регулаторната комисија за енергетика на РМ. Како потрошувач кој се снабдува во краен случај немате право на промена на снабдувач во рок од една година.
  • Какви ќе бидат трошоците на слободниот пазар?

    Доколку одберете да се вклучите на слободниот пазар на електрична енергија, и одберете да бидете снабдувани од лиценциран снабдувач, во тој случај вкупните трошоци ќе бидат составени од трошок за потрошена струја и трошок за користење на дистрибутивната мрежа (мрежарина). Трошокот за потрошена активна електрична енергија зависи од договорената цена со снабдувачот додека пак трошокот за мрежарина е со дефинирани цени од страна на Регулаторната комисија за енергетика на РМ во зависност од тоа на кој начин и на кое напонско ниво сте поврзани на дистрибутивната мрежа. Доколку сакате да ги увидите вашите трошоци за мрежарина и идни вкупни трошоци контактирајте не и ние бесплатно ќе ви извршиме анализа. 

Имате уште прашања?

За да добиете дополнителни информации за нашите услуги, либерализацијата на пазарот за електрична енергија или нашата компанија, може да не контактирате преку телефон, е-мејл, факс или деиректно од нашата веб страница. Ние секогаш сме тука за нашите корисници!

Контактирајте не